Пет средни училишта во Данска ја воведоа вештачката интелигенција во наставната програма

Пет средни училишта во Данска започнаа да ја користат вештачката интелигенција во училниците, откако професорка по англиски јазик ја внесе дигиталната алатка во наставната програма.

Мете Молгард, професорка од централна Данска, забележала дека средношколците користеле ChatGPT  при пишување домашно, само неколку недели по лансирањето на алатката. Па Молгард, одлучила да го поттикне користењето на чет-ботовите на часовите.

„Вештачката интелигенција може и да се користи и како алатка за учење, бидејќи учениците учат нови вештини“, изјавила Молгард,

По иницијативата на професорката, сега пет средни училишта ја користат вештачката интелигенција како образовна алатка и го поттикнуваат употребувањето на технологии на некои од часовите, како дел од двогодишен проект.

Средношколците засега се задоволни од новината. На часот по англиски добиле можност да анализираат кратка фикција, прво преку пишан есеј, а потоа и со употреба на ChatGPT, па на часовите се учеле и можностите и ограничувањата на чет-ботот.

„Мислам дека е супер. Се работи за едноставна алатка, која наликува на пребарувач, ама можеш да бидеш поспецифичен при барањето на информацијата, па се добиваат и поквалитетни одговори од Гугл.“, посочил Јакоб Дидериксен, ученик во гимназијата.