Pet Shop Boys го најавија новиот албум „Super“

Британскиот електро-поп двоец Pet Shop Boys соопшти дека следниот студиски албум, со наслов „Super“ ќе биде издаден на 1 април. Neil Tennant и Chris Lowe исто така ја објавија и песната „Inner Sanctum“, која ќе се најде на новото издание, прво по албумот „Electric“ од 2013 година.

„Беше фантастично да се биде повторно во студиото со [продуцентот] Stuart Price и да продолжиме каде што застанавме со претходниот албум“, пишува во соопштението на бендот.

Pet Shop Boys станаа славни уште во 80-те години на минатиот век, кога издадоа низа топ 10 хитови, меѓу кои и „West End Girls“. Низ годините, тие продолжија редовно да издаваат музика. „Super“ ќе биде нивниот тринаесетти студиски албум .