Пет предмети што ги нема во училиштата (а би требало да ги има)

Образованието е далеку повеќе отколку седење во училница. Но, за жал, и тука се повторува старата приказна – оди на школо, читај, пишувај вежбај математика, учи историја. Оди дома. Заборави се што си учел. За училиштата, тешко е да постигнат специфични курсеви за кој било од овие предмети, но тоа не значи дека тие не треба да се организираат во постоечките училници. Вештините кои се претставени тукa се многу потребни во животот, а тие можат креативно да ги ангажираат и наставниците и учениците, ако се најдат во редовната настава.

1. Правење филмови

Изработката на видеа и филмови е одлична алатка за изразување на учениците. Не секој може да пишува блог или да свири инструмент, а светот веќе има доволно лоша поезија. Филмовите станаа дел од нашето секојдневие – од скапите блокбастери, до забавните видеа напрвени беспари и објавени на Youtube. Поучувањето на учениците како да направат ефективни видеа е добро за задржување на нивниот интерес. Но, тие исто така значат и основа за изработка на квалитетни филмови во иднина.

Пет предмети што ги нема во училиштата (а би требало да ги има)

2. Барање работа

На околу 24 години, студентите ќе дипломираат и ќе бидат втурнати во вистинскиот све, да се снаоѓаат самите. Некои од нив ќе го одложат вработувањето и ќе продолжат со школување, но крајниот резултат е секогаш ист – тие ќе мораат да знаат како да најдат работа. Уште додека се во училиште, сите ученици и студенти веќе мораат да знаат како да ги убедат работодавачите да ги вработат токму нив.

Пет предмети што ги нема во училиштата (а би требало да ги има)

3. Менаџирање со пари

Да, математиката се учи на училиште. Но, оваа математика нема практична примена за никого. Кога ќе треба да си го платите данокот, знаењето на формулата за волумен на конус нема да ви помогне. Најголем дел од учениците и студентите имаат големи проблеми со „применетата“ математика што им треба во реалниот живот, кога ќе ги напуштат школите и факултетите. За децата чиј најблизок контакт со финансиската одговорност е купувањето сопствени видеоигри, овие прашања се мистерии на животот, а тоа не би смеело да биде така.

Пет предмети што ги нема во училиштата (а би требало да ги има)

4. Социјални вештини

Наспроти некои верувања, луѓето не се раѓаат опремени со социјални вештини – тие ги учат. Некои деца имаат среќа да пораснат во интерактивни семејства, со многу роднини кои рано ќе ги научат на добрите манири. Други деца, пак, се проморани повеќето од своето време го поминуваат сами, полека враќајќи се кон еволутивните корени. Но, дури и најдобро приспособените деца ќе имаат незгодни ситуации со кои ќе се соочат во животот. Како да се справите со колегата кој ви ја украл заслугата за вашата идеја на работа? Како да раскинете врска со некој што не направил ништо лошо? Како да се справите со проблематичниот цимер кој не го плаќа својот дел од киријата? Неколку часови по социјални вештини во училиште можат да помогнат за полесно да се дојде до одговорите на овие прашања.

Пет предмети што ги нема во училиштата (а би требало да ги има)

5. Практична механика

Од менување масло во автомобил до скршен екран на смартфон, има многу ситни поправки и интервенции кои можете да ги правите самите. Зошто да му плаќате големи суми пари на комјутерскиот сервисер, кога тој само ќе го „издува“ вашиот лаптоп со компресор за воздух? Се што купувате еден ден ќе се расипе, а најголем дел од луѓето не знаат како да ги направат и наједноставните поправки. Децата можат да се мачат и да учат за ова од видеа на Youtube, но не е ли подобро самите да научат да поправат нешто, уште на школо?

Пет предмети што ги нема во училиштата (а би требало да ги има)

Извор