Пет починати, 102 новозаразени и 99 оздравени од Ковид-19 во изминатите 24 часа

Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека од Ковид-19 починале пет лица, односно, пациент од Скопје на 70-годишна возраст, пациент од Кичево на 72-годишна возраст, пациент од Куманово на 64-годишна возраст, пациент од Прилеп на 48-годишна возраст и пациент од Штип на 76 години.

Во последните 24 часа се потврдени 102 нови случаи на Ковид-19, односно, регистрирани се 39 случаи во Скопје, 13 во Штип, 11 во Куманово, осум во Гостивар, шест во Битола, четири во Кичево, по три во Прилеп, Охрид, Кавадарци и Свети Николе, по два во Тетово и Струга, и по еден случај во Радовиш, Кочани, Демир Хисар, Македонски Брод и Виница.

Институтот за јавно здравје регистрирал 99 оздравени пациенти, односно, 49 од Скопје, 17 од Струга, 15 од Охрид, десет од Тетово, по два од Штип и Гостивар и по еден од Струмица, Кочани, Кичево и Ресен.

„Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 10315,  бројката на оздравени пациенти е 5663, на починати е 471, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4181“, информираат од МЗ.

На Инфективната клиника во Скопје, во изминатите 24 часа примени се девет пациенти, а вкупно се хоспитализирани 87 пациенти. Од нив, на кислородна поддршка се 40 пациенти, а нема пациенти на респираторна машина.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 12 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, четири позитивни деца и два пациенти суспектни на вирусот.

„Во ГОБ „8 Септември“ примени се 12 нови, вкупно хоспитализирани се 106 пациенти. На респираторна машина се 5 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 38, а во болницата во Штип се хоспитализирани 49 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 130 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19“, информираат од МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 97.550 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 1.356 теста.