Војислав Гушевски, Горан Величковиќ, Благоја Пецевски, Гоце Глигуровски и Мартина Николовска пред неколку денови започнаа велосипедска тура што ја нарекоа Via Adriatica. Оваа рута тие ќе ја возат од главниот град на Словенија, Љубљана, па преку целото Јадранско приморје, низ поголемите хрватски и црногорски градови, преку Шкодра (Скадар) и Тирана во Албанија, за на крај да стигнат до Охрид.

Фото: Nature’s report
Овие пет велосипедисти ги спојува љубовта кон спортот на две тркала. Иако веќе имаат извозено многу тури заедно, ова претставува посебно искуство за сите нив.
Тие велат дека Via Adriatica е планирана уште од пред неколку години, но чекале вистински момент за да се реализира приморска, летна тура.

Фото: Nature’s report
Тие досега стигнаа до Задар, по што треба да поминат и низ Макарска, Дубровник, Будва, Скадар, Тирана.
Извор: Nature’s report