Пет луѓе загинаа, а 18 се ранети по пукањето што се случи вчера во ноќен геј клуб во Колорадо Спрингс, во Колорадо, САД.
Осомничениот е приведен и му е пружена помош за повредите со кои се здобил по инцидентот во Клубот Кју, информирала поручничката на полицијата во Колорадо Спрингс, Памела Спрингс. Полицијата интервенирала веднаш, а подоцна ќе одржи прес-конференција за повеќе детали.
Клубот Кју се идентификува како клуб за возрасни геј луѓе и често организира тематски вечери како караоке и дрег шоу.