Пет лица починаа од Ковид-19, потврдени 29 нови случаи во Северна Македонија

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни и фебрилни состојби во Скопје починаа 4 пациенти заболени од коронавирус: пациент од Куманово (52 години), пациентка од Лабуништа-Струга (65 години), пациентка од Челопек – Тетово (62 години) и една пациентка од Штип (81 години). Во Куманово дома почина уште еден пациент потврден на вирусот на возраст од 53 години.

Во изминатите 24 часа, регистрирани се 29 нови случаи, позитивни на коронавирусот. По градови: Скопје – 15, Куманово -7, Прилеп – 1, Струга 3 и Кочани – 3.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во Северна Македонија изнесува 599 лица. Според местото на живеење, досега случаи на Ковид -19 се регистрирани во:

Скопје – 254; Куманово – 128; Дебар – 49; Прилеп –34; Тетово – 29; Струга – 28; Штип-20; Кочани – 17; Велес – 10; Битола –6; Гостивар – 4; Гевглелија – 4; Радовиш – 4; Охрид – 3; Крива Паланка- 3; Струмица – 2; Кавадарци – 2; Крушево – 2

Од Министерството известуваат дека во изминатото деноноќие направени се 386 теста. Од нив преку ИЈЗ- 229, преку Ветеринарен факултет –8, Авицена –22 , Биотек – 22 и Фипил Втори (Жан Митрев) –105 . Досега во земјата се направени  5.879 тестирања на Ковид-19.