[Видео] Пет кратки анимирани филмови посветени на студентите

Серијалот на кратки анимирани филмови „Студенту, ти треба да знаеш“ е составен од пет видеа кои се посветени на студентите, со цел нивно едуцирање на теми од високото образование. Анимацијата е на Добромир Алексиќ, а текстот го напиша Александра Живковиќ.

Епизода 1: Што е универзитет?

Кои се членови на академската заедница? Кои одговорности и права ги имаат тие? Што е Универзитет, и зошто е важно високото образование?

Епизода 2: ИИКСА, користење на универзитетски простор и бесплатно студирање

Што е ИИКСА и како распределуваат финансиите добиени од оваа давачка? Дали студентите имаат право да го користат универзитетскиот простор, и под кои услови? Кои категории студенти можат да студираат бесплатно и како да го сторат тоа?

Епизода 3: Корупција во високо образование

Што е корупција во високо образование? Кои се недозволените поведенија на универзитетот? Каде студентите можат да пријават кога се соочуваат со корупција? Дали пријавувањето е анонимно?

Епизода 4: Заштита на правата на студентите

Кои се институциите кои можат да ги заштитат студентите кога се жртви на неморално однесување на универзитетот? Дали пријавувањето може да биде анонимно? Каде да прочиташ повеќе за твоите обврски и права за време на студиите?

Епизода 5: Евалуација на универзитетот, Студентски парламенти, мирување и завршување на студиите

Што е евалуација на работата на универзитетот и каква е улогата на студентите? Како најмладите академски граѓани се организираат и учествуваат во носењето на одлуките на универзитетот? За кои се одлуки студентите имаат право на глас? Кога мируваат, а кога студиите завршуваат?