Песни кои десет години постојат на музичката сцена

Десет години претставува долг период во музичката индустрија со оглед на тоа дека е се поразвиена. Со цел да не се заборават песните кои биле дел од нечија младост, во продолжение следува листа на седум песни кои оваа година обележуваат десет години од нивното прво објавување.

1. Galvanize – Chemical Brothers

Ветераните на музичката сцена, The Chemical Brothers, се уште се активни на музичкото поле, но неминовно е да се нагласи нивното дело кон крајот на 90-тите и почетокот на 2000-та. Тие се меѓу првите кои го внесоа рапот во забавната музика, како и класичниот бас ритам.

2. Duft Pank is playing at my house – LCD Soundsystem

Забавната панк музичка група LCD Soundsystem во 2005 година беа релативно непознати. Нивниот истоимен албум, излезе во 2005 година, а после тоа албумот беше номиниран за Греми, а со тоа оваа група влезе во историјата како првиот инди бенд од 2000-та.

3. I like the way – Bodyrockers

И покрај тоа што песнава денеска е позната по реклама за пиво, таа претставува еден од напрепознатливите синглови на денешницата.

4. Oh my gosh – Basemant Jaxx

Basement Jaxx објавија неколку песни кои одлично поминаа кај публиката, но оваа песна особено се истакнува. Оваа фанк песна е објавена во рамки на компилацијата „Singles“. Меѓутоа, во тоа време песната не помина забележително, иако претставува почеток на електропоп музиката во 21 век.

5. Spitfire – The Prodigy

Во 2005 година, групата го објави албумот „Always Outnumbered, Never Outgunned“, што претставува еден од нивните најдобри албуми. Препознатливиот вокал и жестокиот бас ги освоија британските топ листи во 2005 година.

6. Slam – Pendulum

Pendulum веќе десет години доминираат на австралиската музичка сцена. Оваа песна е една од нивните први синглови која и денес може да се слушне. Нивниот стил стана далеку познат кој освои голем број луѓе ширум светот.

7. Robot Rock – Daft Punk

Оваа песна им е најмалку цената, и покрај тоа што претставува заразен хит со гитарски примеси.

Извор: Mixmag