Песна против Тереза Меј на второ место на Ајтјунс листата во Велика Британија

Песна напишана како протест кон конзервативната премиерка на Обединетото Кралство, Тереза Меј, именувана „Лажга, лажга“ (Liar, Liar), брзо се искачува на врвот на музичките листи.

Liar Liar Ge2017 од Captain Ska, кој се опишува како „продуцент на политички мотивирани композиции“, моментално е на број два на листата на Ајтјунс, веднаш зад Despacito на Луис Фонзи, Дади Јанки и Џастин Бибер. Сепак, се предвидува дека наскоро ќе стигне и до првото место.

Сепак, Liar Liar Ge2017 е всушност ремикс на песната која бендот ја објавил пред седум години.

Еден од членовите на бендот вели: „Оваа песна од 2010 година беше популарна некое време, и добив многу пораки да направам ремикс. Решив тоа и да го направам. Зачудувачки е што сме на второ место. Ние сме хонорарци од Лондон, па комплетно сме изненадени од ова. Оригиналната музика, особено политичката музика, веќе нема некаква реакција“, вели тој.

Емитувањето на песната е поддржано од Народното собрание против мерките за штедење, кое критикуваше многу радио станици што одбиле да ја емитуваат политички инспирираната песна.

„Илјадници луѓе ја преземаа песната и бараме да се пушта на радио, како што би се пуштала било која друга песна“, вели Џејк од Captain Ska.