Навидум обична зајачка дупка на фарма во Англија доведе до големо археолошко откритие – подземно засолниште користено од средновековен религиозен ред.
Според локална легенда, пештерата Кајнтон, близу до Шифнал во Шропшир, биле користени од страна на витезите Темплари во 17-тиот век.
Сместени помалку од еден метар под земја, структурно се чини дека се недопрени.
Оригиналната намена на пештерите не е позната, но Historic England, кој ги опишува пештерите како вештачки и ископани, верува дека веројатно се изградени во доцниот 18-ти век, или на почетокот на 19-тиот, стотици години пред да се распадне редот на Темпларите.
Во својот извештај, пишуваат дека можеби биле користени за „ритуали на црна магија“.
Мајкл Скот од Бирмингем бил да ги фотографира пештерите откако видел видео од нив на интернет.
„Внимателно одев по полето да го најдам, но доколку не знаете каде се наоѓа, лесно може да го поминете без да забележите. Со оглед на тоа колку долго е таму, се наоѓа во одлична состојба. Личи на подземен храм“, вели тој.
Тунелот води до мрежа од ходници и сводови изрезбани во камен.
Скот вели дека карпата е „прилично тесна“ и доколку некој е повисок од 1,8 метри ќе треба да се наведнат за да можат да влезат. Некои соби се толку мали, што тие кои ги истражуваат треба да влезат во нив на раце и колена.