Пешачење – Што треба да знаете за една од најпотценетите форми на вежбање

За многумина од нас пешачењето не изгледа ништо специјално. Тоа е само нешто кое го правиме секој ден. Но, всушност одењето претставува една од најдобрите форми на вежбање.

Повеќето резултати од одредени студии покажале дека едноставна форма на движење има многу бенефиции, вклучувајќи подобро физичко и ментално здравје, подобрена зголемена свесност и зајакнети комуникациски вештини.

„Пешачењето е најпотценетата вежба за телото и умот, вклучително и согорувањето на маснотиите, со што достапна за сите луѓе“, вели Дана Сантас, фитнес соработник на Си-Ен-Ен и сертифициран тренер.

Пешачењето го подобрува здравјето. На пример, одење само два и пол часа на неделно ниво, или пак над 22 минути дневно, го намалува ризикот од појава на срцеви заболувања за неверојатно 30%.

„Пешачењето за здравје“, специјален извештај издаден од Harvard Medical School, посочува дека одењето може да помогне во борбата со другите болести и останати здравствени состојби, за разлика од многу други активности.

Додека многу луѓе ја потенцираат потребата од изодени 10,000 чекори на ден, истражување поддржано од Националниот Институтот за здравје објавено во 2019 година, открива дека додека постарите жени правеле повеќе од 4,400 чекори на ден, имале помала смртност за разлика од оние кои пешачеле околу 2,700 чекори на ден.

Во просек, за придобивка од одењето или пешачењето како вежба, се заокружува приближна бројка од околу 7,500 изодени чекори дневно.