Перспективите на високото образование меѓу мерките за штедење и Болоњските реформи

Прогрес – Институтот за социјална демократија во соработка со канцеларијата на Фондацијата Фридрих Еберт во Скопје и Меѓународниот центар „Олоф Палме“ на 19 мај (понеделник) со почеток во 12.00 часот во просториите на Клубот на новинари во Скопје, ќе организира дебата на тема: „Перспективите на високото образование помеѓу мерките за јавно штедење и Болоњските реформи“.

Перспективите на високото образование меѓу мерките за штедење и Болоњските реформи

Идејата е да се отвори дебата како да се надмине јазот помеѓу сè помалите издатоци за високо образование, особено во суштинските ставки и трошоците коишто се потребни за соодветно спроведување на реформите од болоњскиот процес со осврт на состојбите во Република Македонија и Република Хрватска.

Панелисти на дебатата ќе бидат проф. Елвио Бекарини, професор на Филозофскиот факултет во Ријека, Андреа Мешановиќ, член на Управниот одбор на Агенцијата за наука и високо образование на Република Хрватска, проф. Солза Шопова-Грчева, професор на ФЕИТ и претседател на Советот за образование на СДСМ и Марија Мирчевска, координатор на програмата за истражување, анализа и креирање младински и образовни политики, Младински образовен форум.