Перспективата кон светот се менува во зависност од јазикот кој се зборува

Билингвалците го добиваат целиот „бакшиш“. Според едно ново истражување, ониe луѓе кои знаат повеќе јазици имаат подобри можности за вработување, позаштитени се од деменција и можат да го видат светот од поинаква перспектива во зависност од спецификите на јазикот кој го зборуваат.

Во изминатите 15 години бевме сведоци на голем број на истражувања за билингвалните умови, кои укажаа на метеријалните предности од зборувањето на повеќе од еден јазик. Менувањето на јазиците кои се чини дека е еден вид тренинг за мозокот, со кој што тој станува пофлексибилен, пишува „Mashable“.

Исто како што редовните вежби му даваат биолошки бенифиции на телото, менталното контролирање на два или повеќе јазици му дава на мозокот когнитивни бенифиции. Оваа ментална флексибилност може да донесе многу големи диведенди подоцна во животот: типичните знаци на когнитивно стареење се случуваат подоцна кај оние кои зборуваат повеќе јазици, а почетоците на дегеративните болести како што се деменција или Алцхајмерова болест, се одложуваат до пет години, кај луѓе кои зборуваат повеќе јазици.

Во истражувањето што неодамна го објави „Psychological Science“, се проучувале луѓето кои зборуваат германски и англиски , споредени со оние кои зборуваат само еден јазик, а со цел да се види како различните јазични модели реагираат во експрементите.

Тие им покажувале луѓе што зборуваат германски и англиски, видео снимки на кои имало движења, како жена што се движи кон автомобил или човек со велосипед коиј вози кон супермаркетот. Потоа побарале од нив да ја опишат сцената.

Кога им ја дале таа сцена на луѓето што зборуваат само германски јазик, тие имале тенденција да го опишат дејството, но исто така и целта на акцијата. Значи тие имале тенденција да кажат „Една жена оди кон нејзината кола“ или „Мажот го вози велосипедот кон супермаркетот“, додека луѓето кои го зборуваат само англискиот јазик би ја опишале сцената како „Жената оди“ или „Мажот вози“, без да ја спомнат целта на акцијата.

Светогледот од страна на германските говорници е холистатички – тие имаат тенденција да го гледаат настанот во целина, додека американските говорници имаат тенденција да го зумираат настанот и да се фокусираат само на акцијата.

Кога станува збор за билингвалните говорници, тие се имаат поинаква перспектива во зависност од јазичниот контекст во кој им е дадена задачата. Истражувањето открило дека Германците кои течно зборуваат англиски јазик биле целосно „сконцентрирани кон целта“, како и секој друг говорник кој бил тестиран за германски јазик во неговата родна земја. На сличен начин, билингвалната групата која зборува и германски и англиски јазик, а која била тестирана за англиски јазик во Обединетото Кралство се „ориентирани кон акција“, како и луѓето на кои англиски им е мајчин јазик.

Во другата група од германско-англиски билингвалисти, истражувачите го поставиле едниот јазик во прв план за време на видеото, со што учесниците повторувале низа од броеви гласно на англиски или на германски јазик. Отргнувањето на едниот јазик автоматски го донело влијанието на другите јазикци во прв план.

Луѓето во своите извештаи напишале дека се чуствуваат како друг човек кога користат различни јазици и дека чуствуваат различни емоции во зависност од јазикот кој го зборуваат.