„Перспектива“ – самостојна изложба на фотографии на Верица Славковска

Овој викенд, во Социјалниот центар „Дуња“ ќе бидат изложени црно-бели фотографии како дел од првата самостојна изложба на Верица Славковска.

Наречена „Перспектива“, изложбата има за цел да го прикаже аголот на кој Славковска гледа на објектите прикажани во фотографиите.

„Преку тие фотографии и ја доловувам на публиката својата визија за тоа како едно архитектонско дело или урбана локација може да биде видена од различен агол и до кое ниво перцепцијата на човекот може да оди“, вели Славковска за Радио МОФ.

Таа иако краток период фотографира, вели дека ужива да наоѓа објекти низ градот кои веднаш може да ги замисли како фотографски производ.

Изложбата има продажен карактер, но Славковска нагласува дека сликите кои ќе останат, ќе бидат донирани на Социјалниот центар.

Отворањето на изложбата е во петок, 16 декември со почеток во 20:30 часот, а ќе биде достапна за јавноста до недела.