Перо Дефформеро со концертна промоција на новиот албум во клубот Хавана

Пародичниот турбо-фолк-метал бенд Перо Дефформеро, по одличниот прв концерт во клубот Хавана, повторно се враќаат на „местото на злосторството“, но овој пат со концертна промоција на новиот албумoт „JeR to liči na taj način?

Перо Дефформеро со концертна промоција на новиот албум во клубот Хавана

Скопската публика ќе има можност да го искуси неспоивото, но споено на мајсторски начин, како и за прв пат да ги слушне песните од новиот албум на Перо Дефформеро изведени во живо, но и познатите нумери од веќе легендарниот албум „Undergrand“.

Настанот е предвиден за 11 април, во клубот Хавана, со почеток во 21.30часот. Картите во претпродажба од 30 март ќе бидат достапни во Љубов и Кастм Паб по промотивна цена од 200 денари.