Перформанс „Нашите животи постојат и надвор од четири ѕидови“ во Сараево

Активистките на сараевскиот Отворен центар реализираа акција насловена „Нашите животи постојат и надвор од четири ѕидови“, за да го свртат вниманието на јавноста кон проблемите со кои ЛГБТ луѓето се соочуваат секојдневно.

„Сакаме да порачаме дека нашата видливост во јавниот простор доведува до побрзо прифаќање, и со тоа се намалува дискриминацијата и насилството. Нашата околина мора да види и да сфати дека и ЛГБТ луѓето се дел од друштвата и дека имаме право слободно и без страв да се движиме по улиците во нашиот град“, велат од центарот.

„И лезбијките се луѓе“, „Улиците се и наши“, „Плакарот е за облека, не за лезбијки“, се дел од пораките кои ги упатија активистките. Во продолжение, фотографии од перформансот: