Групата „Кунстверкштат“ која функционра во рамките на Медиа/Арт клубот Скопје на Младински образовен форум го најавува театарскиот перформанс „Ќе има војна“ (Ќе има војна. Ќе има војна. Доста беше и ваков мир) кој ќе се игра во вторник (30 декември) во клубот Маркана.
„Кунстверкштат“ е група на млади ентузијасти и љубители на перформативната уметност кои наоѓаат совршен спој на театар и активизам. Започна како идеја на двајца, а прерасна во друштво без граници на креативност и многу љубов. Од февруари 2013, скоро цела година нејзините членови преку перформансот изразуваат незадоволство, бес, среќа, радост, тага, љубов, омраза, возбуда, страв едни меѓу други.
-Во константната битка за слобода, својата реалност ја бараме во алтернативниот театар. Нашиот репертоар ги вбројува перформансите „Нешто мора да се смени“ и „Банки дигнаа палати“ кои беа изведени неколку пати до сега. На големо задоволство ве повикуваме да ни се приклучите во првата изведба на нашиот најнов перформанс „Ќе има војна“ за поубава 2015та“, појаснуваат од „Кунстверкштат“.
Почетокот на перформансот е најавен во 21 часот.