Перформанс “It could be something very minimal” во Кино Култура

Локомотива- Центарот за нови иницијативи во уметноста и културата од вечерва во 21:00 во Кино Култура организира перформанс насловен „It could be something very minimal“.

„It could be something very minimal“ е долгометражна перформативна истражувачка соработка помеѓу Викторија Илиоска, Макс Шмирциц и Патрик Ферот  кои се занимаваат со афективни пермутации и модулации на телата и просторот. Проектот е габичен, расте, се намалува и реформира секојпат според барањата на неговото миље и вкрстените тенденции на неговите асемблични односи. Тоа е нивното субјективно интра-активно битие во редукционизмот, виртуозноста, естетиката, потопувањето, пластичноста и ефтиноста. Овој пат има ласерско шоу и промена на костимите.

Викторија Илиоска, Макс Шмирциц и Патрик Ферот  се сретнаа на Институтот за применети театарски студии и работат заедно од 2017 година. До сега имаат изведено 3 перформанси од нивното истражување “It could be something very minimal”. Четвртото и петтото поставување ќе биде во Скопје и Франкфурт. Со комбинирање на нивните искуства во танц и кореографија, експериментална електронска музика, дигитална проекција и теоретско истражување, нивната работа воспоставува високо афективен простор и однос кон публиката. Нивните интереси се разновидни и често се менуваат, но секогаш се враќаат во потенцијалот на телото и телата.

Перформансот е во соработка со „Skopje Pride Weekend 2019“ и е поддржан од Goethe-Institut Skopje, Град Скопје, Општина Центар и Министерство за култура. Куратор на програмата е Биљана Тануровска Ќулавковски, Елена Ристеска е асистент куратор, а Виолета Качакова е проект менаџер.