Пентагон ќе објавува нови докази за неидентификувани летачки објекти на секои шест месеци

Снимки од „неидентификуван воздушен феномен“ беа објавени оваа година во април, но од Пентагон велат дека ќе објавуваат нови откритија на секои шест месеци.

Во април, три видео снимки од НЛО беа официјално пуштени во јавноста од страна на американскиот одделза безбедност, иако снимките претходно „протекоа“ во 2007 и 2017 година. Ваквото објавување беше освежување за јавноста која неретко беше фрустрирана од тајноста за „американските средби со вонземјани“. Сега, ентузијастите за непознатото ќе можат да се информираат преку новите податоци кои Пентагон соопшти дека ќе ги објавува на секои шест месеци.

Според „Њујорк Тајмс“, ваквата одлука на Пентагон е донесена минатиот месец на средба на Сенатот, каде се расправал буџетот на програмите за безбедност. Цел на една од таквите програми е да „стандардизира, документира и известува“ за средби со НЛО и да ги споделува откритијата два пати во годината.
Кога станува збор за живот на други планети, целта на авторитетите е да се открие дали друга нација користи авијациска технологија која е закана за САД.

Се чини дека властите се првично загрижени за известувањата за средбите со НЛО над воените бази, за кои сенаторот Марко Рубио истакнал дека може да се испратени од Кина или Русија, а нивните карактеристики се врз база на напредна технологија која се’ уште не е откриена во САД.

„Можеби постои тотално досадно објаснување за сево ова, но наша цел е да откриеме“, истакнал тој во една прилика.

„Од воена перспектива, тие не сакаат да откријат работи поврзани со технолошките можности кои непријателските држави можат да ги искористат во нивна полза. Но, проблемот е во тоа што со прикривањето на фактите, луѓето се сомневаат дека властите кријат нешто екстра спектакуларно“, изјавил за „Dazed“ Дејвид Кларк, куратор во Националната архива и предавач на Универзитетот„Шефилд“.

Ник Поуп, кои ги истражувал неидентификуваните летачки објекти за Британскиот парламент и Министерството за одбрана во 90тите, додал дека според него, феноменот на НЛО е избегнуван од страна на властите поради „срамот коj доаѓа од импликацијата дека и покрај нашата софистицирана воздушна опрема, постојат нешта на небото кои не можат да се идентификуваат“.

Извор: Dazed&Confused