Пентагон бара хакери кои ќе успеат да влезат во неговата мрежа

Пентагон најави натпревар на хакери надвор од институцијата, кои би помогнале во идентификација на слабостите на веб страниците на Департманот за одбрана на САД.

Воден од Дигитална служба за одбрана (DDS), оформена годинава за да донесе технолошки експерти во војската, натпреварот е наречен Hack the Pentagon. Ова е прв пат федералната влада да користи ваков тип на програма, иако се чести кај големите компании.

Иако Пентагон не ги објави детаљите за натпреварот, велат дека очекуваат илјадници квалификувани апликанти. Постои и можноста за финансиска награда. Фејсбук неодамна откри дека има исплатено повеќе од 4 милиони долари на хакери кои помогнале да се идентификуваат слабости, преку програмата Bug Bounty.

Сепак, учесниците на натпреварот мора да се пријават официјално и да поминат низ неколку проверки, пред да почнат со хакерските напади.

Извор: The Next Web