Пејзажи насликани на стебла го покажуваат човечкиот однос кон природата

Уметницата Alison Moritsugu од Њујорк слика идилични пејзажи на паднати стебла и трупци,  сакајќи да покаже како луѓето се однесуваат кон околината.

Сликите на Moritsugu го отсликуваат оптимистичниот стил на 18-тиот и 19-тиот век, но „преку гледање на површината на сликите – пресекот на дрвото, секое чувство на носталгија или славење на природата е спротивно од доказот за неговото уништување“, пишува Moritsugu.

Ја употребува оваа прекрасна, но шокантна комбинација за да критикува како ја потретираме природата и околината во медиумите. „Денес, фотошопираните слики од густи шуми и незагадени плажи нé покануваат на одмор и на извидување, давајќи ни лажна слика и правејќи да бидеме сигурни дека дивината сé уште постои. Преку истражување на идеализираните погледи на природата, мојата работа ги признава посложените и несигурни врски со околината“.

Moritsugu слика само на паднати стебла.

Извор: Bored Panda