Пејачот Влатко Илиевски пронајден мртов во својот автомобил

Македонскиот поп пејач Влатко Илиевски е пронајден мртов во својот автомобил „Тојота“ синоќа околу 23 часот на улица „3-та Македонска Бригада“, информирале од МВР, пренесува МИА.

Увид на лице место извршил Јавен обвинител и увидна екипа на СВР – Скопје, а по наредба на обвинителот телото на починатиот е предадено на обдукија.

Од МВР засега немаат информации за причините за смртта.

Илиевски имаше 33 години и беше долгогодишен член на групата „Морал“. Во 2011-та година, со песната „Русинка“, ја претставуваше Македонија на евровизиската сцена.