„Педала“ патешествие: низ Кипар со Ранте

Во социјалниот велосипедски центар „Педала“ утре (четврток) од 19 ч. ќе се одржи ново „Педала патешествие“, овој пат со Бојан Ранташа – Ранте.

„Сончево и топло, бисерот на Медитеранот, преубави плажи, како и една од најбезбедните држави, дел од причините поради кои наш Ранте се одлучи да патува со својот велосипед во Кипар!“, стои во најавата за настанот.

Според најавата, авантурата на Ранте заврши, па сега е подготвен да ги сподели неговите доживување со „драгиот точакољупски педала публикум“.

Инаку, социјалниот велосипедски центар „Педала“ е поддржан од луѓе со донација или ченарина.