Печурките не се вообичаена храна во Сирија, но станаа секојдневен оброк за илјадници мигранти

Печурките не беа толку позната храна во Сирија, но тие сега се витални извори на протеини за семејствата кои живеат во бегалските кампови и не можат да си дозволат месо. Во 2016, сириска непрофитна организација започна да одгледува печурки и да ги раздава на жителите. Цената на месото се вивна за 650% во Сирија откако во 2011 започна граѓанската војна.

Околу 9 милиони Сиријци имаа потреба од помош за изхрана во 2019, што е скоро половина од популацијата на државата.

Печурките можат да никнат насекаде, потребно им е само темнина, влага и средна температура, а се богати со протеини и хранливи материи. Во еден сириски бегалски камп, печурките се витален ресурс. Насралах одгледувал печурки како хоби, Но сега, во бегалскиот камп во близина на турската граница, тој ги одгледува за да преживее.

„Ги давам на моите пријатели, работите беа добри, но сега преминавме на печурки како замена за месо. Цените се енормно високи, а луѓето се невработени и немаат приходи“ – изјавил Насралах за „Бизнис инсајдер“.

Тој додал дека еден килограм говедско месо чини 3,500 до 4,000 сириски фунти, додека еден килограм јагнешко чини 5,000 фунти и луѓето не можат да си го дозволат тоа. „Ако имате четири или пет деца, што ќе правите“ – запрашал тој.

Насралах произведува 40 килограми храна од само два килограми спори од печурки, кои чинат околу 10 долари.

„Ги јадеме и ги продаваме како оброк-порција за да можеме да си купиме работи кои не се храна“ – изјавил Насралах

„Пред војната, печурките не беа секојдневна состојка во сириската кујна“ – изјавил Муса Ахман, програмскиот директор на Фондацијата „Адалех“, додавајќи дека претходно печурките биде послужувани само во луксузни сириски ресторани.

„Печурките не се дел од нашата кујна, но додека трае војната, потребата за храна ја создаде оваа нова навика“ – истакнал Ахман.

Исто како Насралах, непрофитната организација на Ахман го препознала потенцијалот на печурките и можноста за потпомагање на жителите кои се мачеле да дојдат до храна. Во 2016, организацијата започнала да одгледува печурки и бесплатно да ги дели на мештаните. Вработените увиделе дека за одгледувањето на печурки не е потребна голема инвестиција. Во 2017, организацијата поделила околу 2,800 килограми печурки, помагајќи на илјадници луѓе.

За жал, сириската војска го презела регионот каде што непрофитната организација на Ахман дејствувала, па поради тоа запрело и помагањето на локалното население со печурки. Сепак, бенефитите од печурките уште се користат во заедницата на Насралах и тој сѐ уште одгледува, се храни и продава печурки.

„Искрено, месото и живината се подобри, но ние не можеме да си ги дозволиме, па купуваме печурки и ги готвиме за децата бидејќи се полни со хранливи материи“ – вели Калид, еден од Сиријците кои заедно со Насралах живеат во бегалскиот камп.

Извор: Business Insider