Печатна грешка на милиони австралиски банкноти од 50 долари

Новата банкнота од 50 австралиски долари стигна до граѓаните со голема печатна грешка во ситните испечатени букви.

Австралиската банка за резерви погрешно го напишале англискиот збор за „одговорност“ („responsibilty“ наместо „responsibility“), заборавајќи една буква „и“.

 

View this post on Instagram

 

After a hot tip from the @triplemmelb family, we’ve found the spelling mistake on the new $50 note! #BreakingNews

A post shared by Hot Breakfast (@mmmhotbreakfast) on

Сепак, засега, околу 46 милиони од овие испечатени банкноти се во употреба во земјата.

Банкнотите биле пуштени во оптек кон крајот на минатата година и на нив се наоѓа ликот на Едит Кован, првата жена член на австралискиот парламент. Над рамото на нејзиниот лик, со многу ситни букви, се напишани редови текст кои се цитати од нејзиниот прв говор во парламентот.

„Голема одговорност е да се биде единствена жена овде и сакам да ја истакнам потребата која постои од тоа и други жени да се најдат овде“, е текст повторен неколку пати со многу ситни испечатени букви. Зборот „одговорност“ во секој од редовите е напишан погрешно.

Потребно било шест месеци за некој да го разгледа текстот под лупа и да ја забележи печатната грешка.

Банкнотата од 50 австралиски долари е една од најшироко употребуваните во Австралија и најчесто се подига од банкоматите. На другата страна од валутата се наоѓа домородниот писател Давид Унаипон.