Пчелите, чувари на живиот свет – ноќ на идеите во Скопје на тема климатски промени

Климатските промени и нивните последици врз животот на луѓето и биодиверзитетот е темата на која вечерва ќе се дискутира во ЕУ Инфо центар во Скопје.

Професори ќе споделат свои ставови во склоп на традиционалната манифестација „Ноќ на идеите“, организирана од Институтот и Министерството за надворешни работи.

Во дискусијата ќе учествуваат Рош Домерего, специјалист за апитерапија и автор на бројни дела, со излагање на тема: „Пчелите, чувари на живиот свет“.

Потоа, проф. д-р Силвана Манасиевска Симиќ, професорка на Факултетот за земјоделски науки и храна при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со излагање на тема: „Влијание на климатските промени врз биодиверзитетот и земјоделството“.

Свое излагање ќе има и проф. д-р Татјана Миткова, професорка на Факултетот за земјоделски науки и храна при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со излагање на тема: „Климатски промени – која е улогата на почвата?“

Настанот започнува во 18 часот.