Пауни умреа во кинеска зоолошка градина, откако посетители ги грабале за селфи

Два пауна угинале од страв во зоолошка градина во југозападна Кина, откако посетители ги грабале и грубо се однесувале со нив, обидувајќи се да ги сликаат. Посетителите на Паркот за диви животни Јунан, според сведоштвата, успеале да ги грабнат пауните за опашките, кубејќи им ги пердувите. Пауните, како и многу видови птици, често не можат да ја преживеат сваквата траума и умираат од срцев удар.

Зоолошката градина потврди дека инцидентот се случил на 12 февруари, а надлежните велат дека вакво нешто првпат се случува, иако работниците често мораат да ги предупредуваат посетителите да не ги допираат пауните, кои слободно се движат низ зоолошката.

За само една недела ова е втора вест во која животни умираат поради човечкото невнимание и себичност. Минатата недела, младенче од делфин угина на плажа во Австралија, додека толпа луѓе си го подавале меѓу себе, за да прават селфи-фотографии.