Патувачкото кино на „Македокс“ помина во Слепче и Смилево

Патувачкото кино продолжува со проекциите на документарни филмови низ Демирхисарскиот регион. Во однос на планираната проекција во селото Бабино направена е промена на локацијата и проекцијата на 26 август ќе се одржи во селото Суводол, кое е, речиси, споено со селото Кутретино. Претходните две проекции се одржаа во селата Слепче и Смилево.

Slepce02

Ослепените војници на цар Самоил пред 1000 години поминале низ селото Слепче и го населиле тоа место. Такаселото го добило своето име. Денес е едно од најурбанизираните села во регионот со модерни куќи, интернет, а над него се издига еден од поубавите живи манастири посветен на Св. Јован Крстител. Брои 720 жители кои се занимаваат со одгледување зеленчук, берење печурки, а доколку добиете желба дастанете балерина овде можете да си ги набавите најубавите балетанки,заштосред селоима фабрика заизработка набалетскаопрема во која работатголем дел од локалнитежители. Заедносо насмеаните, весели жители на селото Слепче беа проследени два филма: „Да е“ на Столе Попов и музичкиот документарец „Звукокршач“ на Кимо Коскела.

Smilevo03

На 24 август патот ја одведе екипата на Македокс во селото Смилево.Легендата вели:Имало тројца браќа, Гале, Лазе и Смиле, на кои таткото пред да умре им ги разделил своите овци. Гале го населил селото Галичник, Лазе-Лазарополе, а Смиле го основал Смилево и така настанало ова мијачко село.Денес селото брои околу 300 жители, кои најчесто се вешти градители, билкари, ловџии, а некои од нив прават ќумур на традиционален начин. Во Смилево се родил и Даме Груев, а од 2 до 7 мај 1903 година се одржал и познатиот Смилевски конгрес, на кој било одлучено кога да се дигне славното Илинденско востание. На 900 метри надморска височина под прекрасното ѕвездено небо заедно со локалните жители беа прикажани документарците „Напуштени олтари“ од Трајче Попов и „Драган Венде“ на Драган фон Петровиќ.

Smilevo02

До крајот на патувачкото кино „Македокс“ ќе има проекции и во Сопотница на 27 август и во селото Слоештица на 28 август 2014 година, каде што „Македокс“ ќе учествува во програмата на манифестацијата „Славење на Пирејот“, во организација на „Артпоинт – Гумно“. Проекциите се одржуваат сред село, а почнуваат во 21 часот.