Патувачката изложба „Ана Франк – Историја за денес“ ќе биде претставена и пред струшката јавност

Патувачката изложба „Ана Франк – Историја за денес“ овој вторник (14 мај) ќе биде изложена во просториите на Меѓународниот Универзитет Струга.

Изложбата, во организација на Младински образовен форум во вторник, е составена од триесет и девет изложбени панели кои ја раскажуваат приказната за Ана Франк, истовремено раскажувајќи за Холокаустот и Втората светска војна. Изложбата ја дополнуваат седум панели за домашниот контекст во периодот по Втората светска војна до денес.

Јавноста ќе може да ја погледне со почеток од 17 часот.

Водичи на оваа изложба ќе бидат обучени средношколци и средношколки од СОУ „Нико Нестор“ – Струга и СОУ „Ибрахим Темо“ – Струга.

Изложбата во Северна Македонија е изработена и донесена во рамки на проектот „Хисторија, Историја, Повјест – Лекции за сегашноста“ кој е поддржан од Европска унија, а поддршка доби и од Министерство за надворешни работи, Министерството за култура, Министерството за образование и наука, Меморијалниот центар холокаустот на Евреите од Македонија и Амбасадата на Кралството Холандија. До сега, изложбата беше поставена во 21 градови, а ја посетија повеќе од 19 илјади посетители.