Патриша Аркет: Поради говорот за еднаквост на Оскарите изгубив улоги

Патриша Аркет смета дека говорот кој го одржа на доделувањето на Оскарите минатата година, кога беше наградена за најдобра споредна женска улога за филмот Boyhood, ја чинел многу улоги.

Кога го доби Оскарот, таа го искористи своето време на бината да ја потенцира важноста на еднакви хонорари за мажите и жените во Холивуд. Смета дека нејзините зборови имале големо влијание на нејзината кариера.

Аркет потенцира и дека јазот во сумата која ја добиваат актерите и актерките не се однесува само на Холивуд.

„Има 33 милиони жени и деца кои живеат во сиромаштија во Америка, иако мајката работи“, вели таа.

За време на нејзиниот говор на Оскарите во 2015, Аркет рече дека е „време за еднаквост во платите, еднаш и засекогаш, и еднакви права за жените во САД“. После нејзиниот говор, други актерки, како Мерил Стрип и Џенифер Лоренс се приклучија кон нејзината иницијатива.

Од нејзината улога во Boyhood, Аркет глуми во телевизиската серија CSI: Cyber, а ќе го позајми гласот за Toy Story 4 и анимиран „римејк“ на култниот хорор Troll.

Извор: Guardian