Патките во Англија добија пешачка патека

Секојдневно на крајбрежните пешачки патеки во Англија и Велс минуваат илјадници луѓе, но од неодамна овие патеки се отворени и за друг вид на двоножни ентузијасти на природата – патките.

Фирмата „The Canal & River Trust“ која држи повеќе од три илјади километри патишта ширум Англија и Велс, создаде лента исклучиво за птиците во Лондон, Бинмингем и Манчестер.

Оваа привремена иницијатива е дел од кампањата „Сподели го просторот, откажете се од своето темпо“ со цел да се поттикне свеста кај луѓето.

Пешачките патеки за патките се сместени покрај автопатот, до тенката бела линија паралелна на главниот пат.

Одбележани со хаштагот  #sharethespace (сподели го просторот) и насликана силуета на патка, лентите ќе им овозможат на пешаците и птиците да коегизистираат среќно.