„Патетичен губитник“ – Доналд Трамп пречекан со навредлив банер во Флорида

 

Во неделата, медиумите пренесоа дека навредлив банер посветен на Доналд Трамп „провејал“ над Палм бич, Флорида. По истекувањето на функцијата, поранешниот претседател на САД најави дека ќе живее во Флорида, во приватниот клуб „Мар-а-Лаго“.

Според медиумите целосната порака на банерот била „Трамп, ти патетичен губитнику, врати се во Москва“.

Сè уште не е јасно која била крајната дестинација на банерот, кој платил за летачкиот банер и дали Трамп воопшто ја примил пораката.

Според новинарката Кристин Стејплтон, популарноста на Трамп била на стаклени нозе уште пред упадот во американскиот Капитол, а оттогаш таа станала многу полоша.

„По нередите во Вашингтон, настана вистинска мешаница за тоа дали „Мар-а-Лаго“ ќе продолжи да биде локација за средби на конзервативните групи. Можеби тие ќе престанат да се собираат таму“, изјавила Стејпелтон.

Дури и претходно, дел од соседите на Трамп во Палм бич се противеа на одлуката на поранешниот претседател да се пресели во „Мар-а-Лаго“, започнувајќи правна битка за да го спречат Трамп во намерата.

Соседите сметаат дека Трамп ја изгубил одлуката да живее во „Мар-а-Лаго“ поради договор кој го потпишал во 1993 година, според кој приватиот посед го пренаменува во приватен клуб.

„Доналд Трамп има историја со несогласувања го градот и ова не се разликува од нив. Ова не е ништо ново, туку продолжение на вечната сага помеѓу Трамп и градот Палм бич. Според договорот, нему треба да му е забрането да живее во „Мар-а-Лаго“, но мислам дека правната битка ќе заврши со некаков компромис“, изјавил Дејв Аронберг, државниот легален претставник на општината Палм бич.

Извор: Independent