Партизанска акција за солидарна помош

Партизанска штампа организира акција за солидарна помош.

Од вчера, па до понеделник, граѓаните можат да си купат графики печатени во сито печат.

Акцијата е во солидарност со Ѓорѓи Митрески и неговиот татко Никола, кој боледува од Ковид-19 и за кој веќе има онлајн кампања за собирање средства.

Сите средства собрани од продажбата на графики овој викенд ќе бидат наменети за негово лекување.

,,Можете директно да го посетите нашето студио од петок до понеделник од 14 до 21 часот на Орце Николов 164а или да нарачате онлјан, вршиме и директна достава”, стои во најавата за настанот.

Детали за повикот во линкот подолу.
https://gofund.me/935ef3bb