Апелираме, укажуваме, молиме, поправаме, расчистуваме, обновуваме и повторно уништено и украдено цвеќе од цветните леи во Градскиот парк, реагираат од ЈП „Паркови и зеленило“, објавувајќи фотографии од централниот скопски парк.
Од градското претпријатие прашуваат, „толку ли не си го сакаме својот град што постојано тежнееме да го лишиме од она што е убаво?!“
„Или можеби станува збор за недоволна едукација на младите, чии раце би требало да изградат посветла иднина и пријатна животна средина. А, и за што друго ни се дадени рацете ако не за да и дадеме вредност на Земјата и да оставиме зад себе нешто добро и убаво?!“, се вели во реакцијата на „Паркови и зеленило“.