Паркот во Ново Лисиче доби едукативна инсталација „Паркот на книгата“

Во Ново Лисиче денеска беше отворена просторната едукативна инсталација наречена „Паркот на книгата“ која е наменета за најмладитe.

Инсталацијата во основа претставува џиновската книга, a мини уличната библиотеката која е дел од инсталацијата треба да им овозможи на децата да ги разменуваат книгите кои веќе ги прочитале.

За најмалите, на основата е запишана азбуката на кирилица која треба да им помогне побрзо и на забавен начин да ги научат буквите. Запишани се и неколку изрази на англиски и една математичка равенка, со повеќе бои. Самата основа преку бои е поделена на 4 делови кои всушност претставуваат книги наредени на полица. Основата ќе биде бетонска со димензија 6 на 5.3 метри.

Ова е првата едукативна инсталација во просторот предвидена за оваа година во Програмата за култура на Град Скопје за која од буџетот се издвоени околу 1,7 милиони денари. Како што најавија од Град Скопје, за оваа година предвидено е пуштање во употреба на уште една ваква инсталација во населбата Драчево.