„Паркирај се на Правен 2.0“ – бруцошка забава на 9 октомври на Правен факултет

Студентската организација при Правниот факултет „Јустинијан Први“ на 9 октомври (среда) ја организираат втората забава на овој скопски факултет.

Оваа забава, велат од организацијата, воедно ќе биде и своевиден пречек на новите бруцоши кои се запишаа на „Јустинијан Први“.

„Одлична можност за ‘ice breaker’ и запознавање со колегите. Забавата ќе започне во 20:30 часот, а ќе трае додека има убава атмосфера и позитивино расположение. Локацијата е иста како и минатиот пат – паркингот пред бифето на факултетот“, најавуваат од организацијата.

Според нив, целта е да промовираат квалитетни и млади домашни настапувачи кои знаат да направат забава по светски стандарди.

Први изведувачи кои ги презентираат се: Тhe DD’s. Станува збор за млади диџеи од Скопје кои, како што велат, секогаш зрачат со својата позитивна енергија и енергични диско-фанк ритмови. Останатата програма ќе биде објавена во периодот што претстои.

„Цените ќе бидат целосно достапни за сите посетители. Нашата цел не е да профитираме на грбот на студентите, туку да организираме забава достапна за сите“, велат од Студентската организација при Правниот факултет.