Париз забрани автомобили произведени пред 1997 година поради загадувањето на воздухот

Париз ја промовираше својата најнова мерка за да се намали загадувањето на воздухот, со воведување на забрана за возила произведени пред 1997 година.

Правилото, кое се очекува да влијае на околу 10 проценти од автомобилите во градот, се однесува на кој било автомобил регистриран пред 1 јануари 1997 на улиците на градот, од понеделник до петок, од 8 часот наутро до 8 часот навечер. Класичните автомобили, изградени пред повеќе од 30 години, ќе бидат ослободени.

Ограничувањата ќе станат построги до 2020 година, кога низ центарот на Париз ќе може да возат само приватни возила регистрирани по 2011 година и мотоцикли регистрирани по јули 2015 година, според француските медиуми.

Загадувањето на воздухот, во голема мера е предизвикано од издувните гасови, а кое убива 48 000 луѓе секоја година во Франција и околу 3,7 милиони во светот, според француската Агенција за јавно здравје.

Во извештајот на францускиот Сенат од минатата година, се проценува дека загадувањето на воздухот ја чини државата секоја година до 100 милијарди евра.

Возачите кои ќе ја игнорираат забраната ќе се соочат со казни од 35 евра, кои се очекува значително да се зголемат до крајот на 2016 година.

Околу половина милион сопствениците на возилата околу Париз ќе бидат погодени од забраната, се вели во одбраната на групата „40 милиони возачи“, која бара финансиски надомест за загубата на вредноста на сега веќе забранетите возила.

Некои сопственици на автомобили протестираа против потегот, паркирајќи ги своите возила во близина на Парламентот и Елисејските полиња.

Претходно оваа година, Париз воведе месечна забрана за автомобили долж Елисејските полиња, според новите планови за животната средина.

Ана Хидалго, градоначалничка на градот, рече: „Секој странски турист кој доаѓа во Париз сака да ги посети Елисејските полиња. Но, ние сакаме да ги вратиме парижаните назад кон ова симболично место кое им припаѓа на нив. Кога минувате по авенијата без врева од сообраќај, ќе ја откриете перспективата, фасадите, сценографијата.“