Париз ќе создаде посебен простор во градот за нудисти

Париз ќе го отвори првиот официјален нудистички парк, откако градските власти изгласаа да се одобрат плановите во понеделникот навечер.

Паркот ќе се отвори најрано идното лето, известува АФП. Како можни опции за просторот на кој ќе се отвори паркот се две пошумени области во предградието, Боа де Булоњ и Боа де Винсен.

Натуризмот е популарно движење меѓу парижаните, но јавната голотија е забранета, освен ако не се случува во специјално наменети области. За голотија во јавност, во Франција казните се движат меѓу 15000 евра, па се до една година затвор.

Париз моментално има базен кој дозволува голотија три ноќи неделно, но многу натуристи барале поголеми простори во кои можат да шетаат без облека.

„Не имаше околу 150 во средата вечерта“, вели Денис Порке, член на Нудистичката асоцијација на Париз. Групата која брои 372 члена често мора да изнајмува други простории, како клубови за куглање и бањи за да одржува приватни настани.

Предлогот за нудистички парк беше поднесен од Зелената партија на Париз и заменик градоначалникот Бруно Жулијард, кој вели дека новиот простор ќе биде „во близина на езеро, во регулиран простор, за да нема никаква закана за јавниот ред и мир“.