Париз ќе го отвори првиот бегалски камп во октомври

Во Париз ќе се отвори првиот бегалски камп во средината на октомври, соопшти градоначалничката.

Во мај, париската градоначалничка Ана Идалго најави дека градот ќе се усогласи со регулациите на Обединетите нации и понуди место за одмор на бездомните мигранти во градот.

Таа рече дека ќе се градат два кампови, еден за мажите и еден за жените и децата.

Идалго рече дека била инспирирана од работата на Гранд-Синт во Данкрик, во северниот дел на Франција, каде се отвори првиот интернационално признаен камп во државата, минатата година.

Таму беа изградени дрвени кабини за да згрижат 2 5000 луѓе, од кои поголем дел се обидуваат да стигнат до Велика Британија, заедно со илјадници други баратели на азил кои се сместени во западниот камп во Кале.

Серија несреќа на брод во Средоземното море ја претворија 2016 година во најсмртоносната година за бегалците.

Бројот на смртни случаи пораснал за една третина во споредба со истиот период минатата година, според податоците на УНХЦР.

Речиси 204 000 баратели на азил пристигнаа преку море во Европа од почетокот на годината, 156 000 во Грција и 47 000 во Италија.