Париз најави кино на вода во Сена

Наредниот викенд, во Париз е најавено киното на вода, каде граѓаните ќе можат да го проследат филмот во реката Сена пловејќи во електречни бродови меѓу кои ќе се запазува физичкото растојание.

„Cinéma sur l’Eau”, односно „Кино на вода“, е настан кој ќе се одржи во склоп на традиционалната летна париска програма „Paris Plages“, со која се отвораат плажите во француската престолнина.

Љубителите на филмот ќе можат да присуствуваат на бесплатни проекции од удобноста на 38 електрични бродови. Како што истакнала ПР агенцијата „Spark Agency“, која е задолжена за настанонот, бродовите ќе собираат од 4 до 6 лица, а ќе бидат преземени и безбедносни мерки за идентификација.

Освен од бродовите, публиката ќе може да го проследи филмот од блиските плажи.

На киното на вода ќе бидат прикажани два филма, краткиот „Corona Story“ и долгометражниот „Le Grand Bain“.