Паралелен универзум – Изложба на македонски современи уметници во Сараево

Македонските уметници Ангел Миов, Филип Јовановски, Маја Кировска и колективот ОПА ќе се претстават на уметничкиот фестивал Сараевска зима. Изложбата е насловена „Паралелен универзум“, а од денеска до 15 март се одржува во галеријата „Дуплекс х100м2“ во Сараево.

Паралелен универзум - Изложба на македонски современи уметници во Сараево

Според кураторот Џон Блеквуд, изложбата има цел да промовира истакнати уметници од современата македонска сцена, а ќе го следи развојот на различни уметнички сцени во Скопје и во Сараево, како и визијата на уметниците за универзумот претставен како центар, а не како маргина.

Изработката на каталогот и рецензијата за настапот на македонските уметници на фестивалот за Опсесивно посесивна агресија (ОПА) е на Бојан Иванов.

Angel

Ангел Миов

Ангел Миов е визуелен уметник од Гевгелија. Работи на повеќе медиуми, инсталација, видео арт, видео перформанс, сликање и фотографија.

Паралелен универзум - Изложба на македонски современи уметници во Сараево

Филип Јовановски

Филип Јовановски е уметник и архитект од Скопје. Тој е директор на AKTO фестивалот во Битола и е добитник на наградата „Денес“ (за најдобар млад уметник во Македонија) .

Паралелен универзум - Изложба на македонски современи уметници во Сараево

Маја Кировска

Маја Кировска е уметничка од Скопје. Студирала графичкиот дизајн, графичка уметност и моден дизајн. Во уметноста твори во повеќе медиуми, а нејзина специјалност е инсталација, објекти и интервенција во простор.

Паралелен универзум - Изложба на македонски современи уметници во Сараево

Опсесивно посесивна агресија

Групацијата ОПА (Опсесивно посесивна агресија) е основана во 2011 година од страна на визуелниот уметниците Слободанка Стевческа и Денис Сарагиновски.