Параглајдинг натпревари во Крушево

Oд 20-ти јуни со отворањето на „Британскиот Отворен параглајдинг натпревар – British Open 2015“ се означи и стартот на сезоната за параглајдинг и змајарските натпревари.

Деновиве повеќе од 80 параглајдеристи се собраа во Крушево за да се дружат и натпреваруваат меѓу себе во Предевропски и унгарски шампионат во параглајдерство (Pre European and Hungarian Championship 2015), кој ќе трае до 4-ти јули.

Од 19 до 24 јули пак, ќе биде домаќин и на Серискиот куп во параглајдерство, додека од 16 до 23 август од Мечкин Камен ќе полетуваат едриличарите што ќе се натпреваруваат во рамки на Предевропскиот и национален словенски куп во едриличарство.