Параден концерт на Градскиот дувачки оркестар на Скопје

Денеска  (18 октомври), со почеток во 11:00 часот, Градскиот дувачки оркестар на Скопје ќе одржи параден концерт во централното градско подрачје, односно од Музејот на Град Скопје до паркот Жена борец.

Параден концерт на Градскиот дувачки оркестар на Скопје

Концертот ќе трае околу еден час, a ќе биде изведена следната програма:

– Младинска чекорница
– Вардаре македонски
– Патриотска чекорница
– Дикси парада
– Вашингтон пост марш
– 3.Македонска бригада
– Огномет на слободата
– Во спомен на Ваташа
– Работнички
– За сите деца

Градскиот дувачки оркестар е составен главно од професионални музичари, како и студенти на Факултетот за Музичка уметност во Скопје.