„Параде де Сатие“ е добитник на првата награда „Златна Тула“ на „Анимакс Скопје Фест“

Јапонскиот краток филм Параде де Сатие на авторот Коџи Јамамура е овогодинешниот добитник за Златната Тула на меѓународниот фестивал за анимиран филм „Анимакс Скопје Фест“. Холандскиот автор Дигна фон дер Пут  ја доби втората награда за својот анимиран филм Параде, додека Бронзената Тулa ја доби холанскиот филм Бинго! На авторот Патрик Шонмека.

За најдобар филм за деца беше награден филмот Ѕвездено такси од Словачка, а наградата се доделува врз основа на гласовите од детската публика кои во најголем број гласаа за овој филм.

Претставник од Градот Скопје во името на Градоначалниот на Скопје додели специјална награда Гран При за иновативна техника на анимирање на канадскиот автор Николас Бролт, за неговиот филм Кожа, добитик на многубројни награди во светот.