Парада на гордоста во Истанбул и покрај забраната, приведени повеќе од 40 активисти

Неколку стотици луѓе учествуваа на Парадата на гордоста во Истанбул и покрај забраната, пренесува Данас.

Турски активисти се спротивставија на забраната за организирање Парада на гордоста во Истанбул, еден месец по изборите во Турција, по хомофобичната кампања полна со омраза.

Неколку стотици луѓе вееја знамиња со виножито и не им беше дозволен пристап до плоштадот Таксим, каде што се одржаа познатите демонстрации во 2013 година.

Турската ЛГБТКИА+ заедница стравува од поголем притисок откако конзервативниот претседател Реџеп Таип Ердоган победи на изборите во мај и го продолжи своето владеење до 2028 година.

Овогодинешната Парада на гордоста започна и заврши порано од очекуваното, без улични судири и полициско насилство.

Според податоците на групите кои го организираа маршот, приведени се повеќе од 40 активисти.