Пар поминал 24 години во изградба на пловечки остров во Канада

Пред 25 години уметниците Кетрин Кинг и Вејн Адамс сфатиле дека никогаш нема да имаат доволно приходи за да си дозволат сопствен имот. Поради тоа, направиле радикална одлука: да изградат свој остров.

Моментално во близина на брегот на островот Ванкувер, на 45 минути со чамец до најблискиот град, се наоѓа нивната пловечка куќа наречена „Залив на слободата“.

Подвижниот остров е направен од 12 поврзани секции во кои има четири стакленици, дневен престој, кујна, работилница, уметничка галерија, светилник, па дури и подиум за танцување. Адамс проценува дека структурата тежи околу 500 тони. Вели дека се било конструирано со рачна пила и чекан, без помош на алати на струја.