Пар насадил 300 ари дождовна шума за да спасува ретки животни и растенија

Памела Гејл и Анил Малхотра се брачен пар и сопственици на резерватот Саи, единственото приватно засолниште во Индија. Тие од 1991 година садат дождовна шума и го заштитуваат дивиот свет во неа.

Денес, Саи се протега на повеќе од 300 ари, кои се дом на повеќе од 200 глобално загрозени видови на животни и ирастенија, меѓу кои и азиските слонови и бенгалските тигри.

„На почетокот кога дојдовме овде, повеќето од земјиштето кое ни го продадоа беше напуштено. Напуштени оризови полиња, кафе и кардамон. Шумите беа сосечени. А, за тоа да се врати назад, требаше многу грижа, енергија и години“.

Делот на Индија каде е лоциран резерватот, областа Кодагу, претрпела критично намалување на шумските површини – од 86 проценти во 70-тите, на само 16 проценти денес. Памела објаснува дека ова има ужасни ефекти на врнежите и дотокот на вода, не само во областа, туку и низ цел јужен дел на Индија.

Затоа, парот се труди да ја спаси околината, преку обезбедување на засолниште за животните и растенијата. Животните помагаат шумата да остане безбедна и здрава.

„И двајцата чувствуваме огромна количина на радост кога шетаме низ засолништето“, вели Памела. „Никогаш не сум почувствувала ваква радост од ништо што сум направила во мојот живот“.