Пар дава совети како да се патува низ светот со 24 долари на ден

Откако стапиле во брак во 2011 година, Мајк и Ен Хауард направиле нешто што ги изненадило сите кои ги познаваат. Двајцата млади од Њујорк, кои само што купиле куќа и добиле унапредувања на работните места, продале најголем дел од нивната сопственост, ја дале куќата под кирија и заминале на најдолгиот „меден месец“, кој трае пет години во кои посетиле 50 земји.

„Мислевме дека да чекаме додека да наполниме 65 години и да се пензионираме за да ги оствариме своите соништа е многу ризичен план“, вели 39-годишниот Мајк.

На почетокот живееле на дневен буџет од 39 долари за човек, сума со која ја покривале храната, сместувањето, летовите и активностите. Оттогаш го намалиле трошокот на 12,20 долари заеднички дневен буџет.

„Не се обидуваме да живееме најевтино што може, туку да живееме што е можно побогато“, објаснува Мајк.

Тој и неговата сопруга почнале да живеат од заштедите,но сега заработуваат додека патуваат споделувајќи совети за патување на страницатa honeytrek.com и преку држење предавања.

Петте совети кои им ги даваат на сите, без разлика дали патуваат кратко или се „целовремени номади“, се:

Формирајте фонд за патувања

Акоможете да одделите малку пари во текот на денот, ќе можете да одите на некое поатрактивно место кога ќе се појави прилика. „Ако бидете отпуштени или дадете отказ, зграпчете го моментоти земете месец-два за патување“, вели Мајк.

Одете полека

Ќе го потрошите буџетот веднаш ако „трчате“ низ државата гледајќи ги сите најважни места. Наместо тоа, сместете се во одредено гратче или село, поевтино е и позабавно, вели Ен, која има 34 години.

„Треба да бидете на едно место барем една недела за да почувствувате како навистина живеат луѓето таму“, вели. Додава и дека кога се одие во друг град, подобро е да се патува со автобус, место со авион. Ќе одземе повеќе време, но се гледа повеќе и има поголеми можности да се спријателиш со некого по пат.

Избегнувајте да резервирате хотели за подолг престој

Најдобрите зделки ќе ги најдете одејќи од врата на врата, а не на интернет.

„Ако хотелот има буџет за маркетинг и за правење на веб страница и реклами на Гугл, тогаш наплаќаат пед до 10 пати повеќе од тоа што би го наплатиле локалните гостилници“, вели Мајк.

Обидете се да чувате туѓа куќа

Во моментов, луѓе од сите страни на светот се враќаат во татковините за празниците, па често имаат потреба некој да им ја собере поштата или да им ги причува миленичињата кога тие не се дома, вели Ен. Можете да им помогнете, истовремено престојувајќи во убава куќа бесплатно, преку веб страниците како nomador.com.

Откажете се од пластичните шишиња

Иако патувале во многу земји во развој со сомнителна санитизација, семејството Хауард не употребиле ниту едно пластично шише за вода.

„Можат да чинат по два долари и повеќе, а ужасни се и за околината“, вели Мајк. Наместо тоа, си полнат свои шишиња со вода од чешма и ги стерилизираат со SteriPen, уред кој користи ултравиолетова светлина за да убива бактерии, вируси и се што може да причини на оној кој ја пиел водата да му се слоши.