Папата Франциско: За некои, корупцијата е како дрога

Денеска, Исус побара од нас да направиме јасен избор помеѓу Него и духот на светот, помеѓу логиката на корупцијата и алчности и логиката на чесноста и споделувањето. За некои, корупцијата е како дрога, рече денеска папата Франсиско, пренесе lastampa.

Тој имаше обраќање до католичните верници по редовната неделна миса на плоштадот „Свети Петар“ во Рим, каде рече дека кога е во прашање корупцијата, некои луѓе се однесуваат кон неа како да е дрога и мислат дека можат да престат со неа кога ќе посакаат.

Според него, слично како и со дрогата и со корупцијата се почнува „со мали количества овде, па со зголемување онде“. ­

„Корупцијата предизвикува зависност која доведува со сиромаштија и страдање“, додаде папата, прашувајќи колку жртви на распространетата корупција постојат денеска во светот.